Цитрус-биофлавоноидиЧовековиот организам за разлика од животинскиот, неможе да произвееде доволно витамини кои се во суштинска важност на повеќе биолошки функции, затоа мораме секојдневно да ги внесуваме во организмот. Биофлавоноидите се сметаат за неопходни за правилно искористување и за употреба на витамин Ц. Биофлавоноидите или витамин П воглавно има исто дејство како Ц витаминот односно нивните дејства се поклопуваат. Кога биофлавоноидите се земаат заедно се ефективни во третирање на настинка, исто така има антивирусна активност против детска парализа Reovirus, Coxsackie virus i rhinoviruses.
-најпозната улога на биофлавоноидите е да ги зајакнува ѕидовите на капиларите (ја намалува пропусливоста), затоа се користи за решавање на капиларни проблеми кај: артеросклероза, зголемен крвен притисок, реуматоидни артритис, алергија, дијабетис, грип, хепатитис, скорбут, катаракта, односно индиректно делува да работат сите органи. -спречува оксидацијата да го уништи витаминот Ц и синергистички го зголемува неговото влијание. -биофлавоноидите се моќни антиоксиданти -луѓето кои конзумираат биофлавоноиди имаат значително помал ризик да заболат од рак, а исто така помага при негово лекување -спречува вртоглавици, губење на рамнотежа и гадење кои настануваат од заболување на средно уво -помага во превенција и лечење на крварење на непца -се применува кај крварење на носот и менструални крварења -ги ублажува топлотните бранови во менопауза -се користи во терапија кај разни бактериски и вирусни инфекции -придонесува да се зајакне отпорноста од инфекции -ги зајакнува ѕидовите на капиларите и на тој начин спречува настанување на модринки -учествува во формирање на врзивно ткиво -помага при алергија и астма -имаат антивирусно дејство, вклучувајќи го вирусот на грип, херпес -ја смалуваат агрегацијата (слепување) на тромбоцитите со тоа што го штити срцето од инфаркт и од други срцеви заболувања -со биофлавоноидите успешно се третира астмата а исто така се користи како средство за заштита против штетните ефекти на х-зраците -биофлавоноидите успешно се користат за голем број на гинеколошки проблеми и може да се користат во терапија за лекување на неправилен менструален циклус. Извори на биофлавоноидите се лимони, грозје, сливи, суво грозје, грејпфрут, кајсии, вишни, капини и други плодови. |