Омега 3 ЕПА/ДХА
Ескимските жители од западниот Гренланд готово да не ги познаваат болестите на срце, мозочен удар, лоша циркулација, односно болести кои се најзастапени во денешната цивилизација. Во исхраната на ескимите исто така преовладуваат мастите и протеините (белковините), кои се генерално означени како главна причина на споменатите болести ама разлика е што ескимите користат главно намирници од морско потекло богати со незаситени масни киселини (витамин Ф). Тоа се месо од фока и риби од ладните мориња, па така се внесуваат 10 пати повеќе незаситени масни киселини од жителите во Европа кои главно ги користат заситените масни киселини. Омега 3 е рибино масло добиено од риби кои живеат во големи длабочини во северните мориња и се состои од незаситени масни киселини-ЕПА (eicosapentaenoic acid) и ДХА (docosahexaenoic acid). Тие се важни како додаток во исхраната, бидеќи со помош на нив настанува хормонот простагладин кој регулира: -циркулација (подобар пренос на кислород и хранливи материи) -висок крвен притисок -имунолошки систем -метаболизам на маснотии, ниво на холестерол, триглицериди и шеќер во крвта -реуматоидни заболувања, заболувања на нервниот систем (нпр.мултиплекс склероза) и остеопороза Спрема резултатите од истражувањата кои ги објави New England Jornal of Medicine 1994 година, оние луѓе кои внесуваат повеќе незаситени масни киселини поретко заболуваат од рак на плуќа и дебело црево, како и од емфизема на плуќа и бронхитис (важно за пушачите). Не заболуваат од хронична псоријаза и имаат поубава кожа. Омега исто така позитивно влијае за здрави зглобови. Напомена: да не се користи ако се користат антикоагулатори. |