Калциум,Магнезиум,ЦинкКалциум
Во човековиот организам од сите минерали најповеќе има калциум, кој го сочинуваат дури 2 проценти од вкупната човекова телесна маса, а скоро целиот се наоѓа во коските и забите 1 до 1,5 кг. Магнезиумот е неопходен за нормална функција на калциумот и најдобрите препарати ги има во хелиран облик во однос 2:1 во корист на калциумот. Најпозната функција на калциумот е јакнење на коските и здравје на забите. Останатите дејства на калциумот како додаток на исхрана се: -со витамини во терапија за остеопороза и остеоартритис -со магнезиумот и витамин Д ги намалува главоболките и предменструалните тегоби и ги штити белите дробови во средина со висока концетрација на смог -со витаминот Д делува превентивно на карцином на дебело црево бидејќи го штити епителот од отпадните и канцерогени материи -има улога во мускулната контракција, одржува еластичност на мускулите и правилен ритам на срцето -кај децата ги отргнува т.е болки во растењето и ја намалува вознемиреноста на централниот нервен систем -ги зацврстува ноктите и ги отргнува белите точки од нив -ја намалува пропустливоста на капиларите Покрај тоа калциумот го помага метаболизмот на железото, а со абсорпција на витаминот Б-12 ги елиминира некои алергии и несоница. Заедно со магнезиумот допринесува за здравје на кардиоваскуларниот систем, ја подобрува функцијата на нервниот систем, ги смалува болките во грбот и болките во менопауза. Неопходен е за нормален раст и развојот на децата и тинејџерите. Ги намалува проблемите со хипогликемија. Учествува во правење на нови клетки во крвта како и чистење на крвта и дава еластичност на врзивното ткиво. Ја подобрува циркулацијата, ги обновува ткивата и оштетената кожа. Ја подобрува функцијата на ослабените мускули (хемороиди, скршеници итн.) Недостатокот на калциумот може да предизвика деформации во коските, преосетливост на стрес, алергии, наклонетост према запалителни процеси, грчеви на мускулите, Во случај на недоволно внесување калциумот се раствора од коските, доаѓа во крвта и се таложи на ѕидовите на крвните садови, што води кон нивно затнување. Апсорпцијата на калциумот ја помагаат: витамините А, Ц, Д, Ф (незаситени масни киселини), железо, магнезиум, манган, бор, фосфор (умерени количини), протеини, лимунска киселина, а го отпомагаат големи количини на маснотии, недостаток на витамин Д и магнезиум Магнезиум Магнезиумот обезбедува правилно функционирање на нервниот систем, мускулите и ензимите. Ја помага работата на срцето, крвотокот и дава заштита од срцеви напади. Неопходен е за правилна исхрана на крвта, коските, забите, нервите, мускулите. Го успорува стареењето, спречува затнување на крвните садови, го намалува високиот крвен притисок, го нормализира холестеролот, го зголемува имунитетот и психичката отпорност. Ја намалува можноста за настанок на камен во бубрег и жолчка и помага при труење од храна. Ги намалува болките, грчевите, предменструалните главоболки, менструални грчеви и чешање. Го поправа видот кај особите со глауком, ја ублажува хиперактивноста кај децата. Во конбинација со калциумот важи за природен препарат за смирување и помага за лекување на депресија. Магнезиумот е потребен за нормална апсорпција на калциумот, натриумот, калиумот и витамин Ц, како и за равнотежа на фосфорот и размена за јоните. Важен е за претворање на шеѓќерот во крвта во енергија. Жените а особено бремените и доилките, како и луѓе кои многу користат алкохол треба редовно да земаат магнезиум. Мошне важен зошто без него АТП не може да функционира. Дефицит на магнезиум предизвикува мускулна слабост, грчеви и смалување на контрактилни способности на мускулите, неправилно работење на срцето, срцеви заболувања, умор, депресија, губиток на апетит и калиум. Цинк Цинкот спаѓа во групата на есенцијални минерали во трагови, а према количината потребна во организмот во групата на макроелементи (микроминерали). Исто така се наоѓа на листата од 6 минерали за кои ФДА (институција за храна и лекови на САД) препорачува секојдневно внесување. Се смета дека цинкот има исклучителна важна улога за одржување на процесот на размена на материите, работа на ензимските системи и клетки како некој сообраќаец за функција на организмот. Цинкот ако редовно се внесува во организмот: -го нормализира делувањето на простатата и го спречува нејзиното зголемување -неопходен е за синтеза на протеините и ДНК -помага за создавање на инсулин во панкреасот и затоа е важен за дијабетичари -учествува во репродукцијата на тестерони, па со витаминот Б-6 се користи за импотенција и стерилитет -ја помага менталната свежина и бистрина на умот -го зајакнува имунолошкиот систем и помага за зачувување на видот кај постарите лица -исклучително е важен за борбата против настинки -помага при губиток на видот од макуларна дегенерација и катаракта -ги отстранува белите точки од ноктите, акните и некои алергии Цинкот е неопходен за мобилизација на витаминот А од црниот дроб и од него зависи нивото на витамин А во плазмата. Големите концентрации на цинкот најдени се во сперматозоидите, простатата, како и во мускулите, косата и еритроцитите. Малото ниво цинк во организмот може да доведе до хипертрофија на простатата. Постарите лица треба да го консумираат цинкот превентивно поради заболување на простатата, сенилноста и реуматоиден артритис. |