Л-карнитинКарнитинот е неесенцијална аминокиселина која врши трансфер на триглицеридите (масна киселина-долг ланец) до митохондрија. Во митохондријата се оксидираат триглицеридите и се претвораат во енергија. Карнитинот е едини клуч кој ја отклучува мембранската ќелија и митохондрија за поминување на молекуларните масти. Без него маста не би можела да се претвора во енергија, затоа недостатокот на карнитинот е проследен со умор и појачување на масните наслаги. Карнитинот во организмот се ствара во џигерот и бубрезите со две есенцијални аминокиселини: лизина и метионина со витамините Б-6, Ц и железо. Природни извори се: авокадо, црвено месо и соја. Спортистите имаат повеќе потреба за карнитин од што може нивниот организам да произведи. Со земање на карнитинот како додаток во исхрана можат да се постигнат следните ефекти: -согорување на масти -овозможува митохондриите да користат масни киселини, односно да ги снабдуваат ќелиите со енергија -превенција и лечење на кардиоваскуларни заболувања -зголемување на мускулната маса и издржливост -потпомага раст и развој -успорување на стварањата на млечната киселина во мускулите -со аргининот ја зголемува покретливоста на сперматозоидите -помага кај хемотерапија, цитостатика и хипогликемија -ги ублажува нападите на ангина пекторис и поволно делува во лечење анемија, дијабетис, бубрези, џигер -карнитинот е незаменлива состојка за согорување на мастите и е во програмите на сите современи диети -срцето е зависно од карнитинот, а недостатокот може да предизвика оштетување на срцевото ткиво Делува така што ги подобрува срцевите перфоманси и снабдување на срцето со енергија а помага и во регулирање на срцевата аритмија. Со коензимот Q10 се користи и терапија на кардиоваскуларни болести. -Карнитинот учествува во стварање енергија, ја зголемува силата, енергетското ниво и издржливост на организмот. -карнитинот ја зголемува делотворноста на субмаксималниот тренинг, му помага на организмот да издржи физиолошки напор и тренинг -штити од ладно, го зголемува аеробниот капацитет а кај долготрајни тешки тренинзи штеди гликоген и на тој начин ги зголемува резервите со енергија при што се намалува појавата на заморот на мускулите, па затоа редовно го користат веслачите, ватерполистите, велосипедистите, фудбалерите, кошаркарите и други спортисти. |