АцидофилусЛактобацил ацидофил или само ацидофил како што е општо познат е извор на пријателски настројени цревни бактерии.
Достапен е како ацидофилна култура, инкубирана на соина, млечна или квасна основа. Многу лекари препишуваат ацидофил на пациентите кои земаат пероралне антибиотици, затоа што антибиотиците ги уништуваат корисната цревна флора, често предизвикувајќи пролив, како и зголемен раст на габите Candida albicans. Оваа бактерија може да се развие во цревата, вагината, плуќата, устата, прстите и под ноктите, а обично исчезнува после неколку дена редовно земање на ацидофилус. Со секојдневно користење на ацидофилус, како додаток на исхрана може да се постигнат следниве ефекти: -нормализација на корисната цревна флора (после примање ацидофилус) -ги одржува цревата чисти -ја зголемува отпорноста на организмот према инфекции-односно го јакне имунолошкиот систем, кој слабее во текот на годините -помага на жените кои се наоѓаат во менопауза кои се подложни на инфекции -го држи под контрола растот на бактериите, вклучувајќи ги и вагиналните -го олеснува варењето на храната -го отклонува непријатниот здив, одржувајќи ги цревата чисти |