Глукозамин/ХондроитинОстеоартритис или дегенеративна болест на зглобовите и колковите ги погодува 40% од жителите на Европа. Заради се подолгиот животен век и нездравиот начин на живот, почести се дегенеративните болести на зглобовите. Во нормални околности, рскавицата на зглобот непрестано се троши и се обновува, а болест настанува ако обновувањето оди поспоро од трошењето.
Артроза, пропаѓање на рскавицата, најчесто се појавуваа после 40 години живот, а може да го зафати било кој зглоб. Болката на треба да се трпи Првите знаци се чкрипење и болка при покрети како и восполување на зглобовите со потекување и нанадејни закочувања. Болеста не може да се излечи, но со лекови и терапевтски вежби може да се намали болката, отокот, за да се одржи раздвижување на зглобот. Лековите против болки кои ја потикнуваат обновата на рскавицата, артрозата ќе ја држат под контрола, а воспалувањето на зглобовните ткива може да се спречи со одржување на идеална тежина со правилна прехрана. Зглобовите патат поради прекумерена тежина. Делување на лековите против воспаление Денешните најчесто користени лекови таканаречени нестероидни антиреуматици имаат цела низа на штетни влијанија како што се: а) Не делуваат на причината само ја ублажуваат болката б) Долготрајната нивна промена предизвикува непожелни нуспојави ц) Го оштетуваат желудникот д) Некои од нив ја намалуваат густината на коските, го оштетуваат џигерот и бубрезите Решение на горе наведените проблеми се наоѓа во: промена на исхраната и користење на природни средства Глукозамин е природно средство извадено од школки и пакови кои ја потикнуваат регенерацијата на рскавицата. Сам глукозаминот е природна содржина која се ствара во нашето тело од глукоза и амино киселина глутамин. Со тек на годините можноста за негово создавање опаѓа па се намалува и регенерацијата на рскавицата. Глукозаминот е основен градивен елемент мукополисахарид (како што се глуказоминглукони и протеоглукони) кои ја прават основната структура на рскавицата, ноктите, косата и кожата. Со влез на глукозаминот однаддвор и зголемување на неговата количина, во организмот се зголемува активноста на хондроцитите. Глукозаминот делува како сунѓер, туркајќи ја течноста во мрежестата рскавица. Течноста која што се наоѓа во рскавицата ги излекува нутритиентите од околните коски и ја храни рскавицата од истите така ја потпомага регенерацијата на рскавицата. Рскавицата на зглобовите нема сопствена исхрана од крвта, па нејзините потреби треба да бидат надополнети од неговите ткива. Хондротинот е поголема молекула од глукозаминот и поради тоа помалку се апсорбира од глукозаминот. Која е нивната улога? 1. Глукозаминот и Хондроитин се примарни компоненти протеогликони 2. Протеогликони овозможуваат оквир за калоген и врзуваат доволно вода, еластичен слој кои делува како лубрикант и амортизер, па ја штити рскавицата со зајакнување на флексибилноста. одскочноста и разастентноста на компресијата која е нужна да се отргне на физочкиот стрес. 3. Глукозаминот исто така ја инхабира деградацијата на протеогликоните и ја стимулира нивната синтеза. Глукозамин е присутен во облик на сулфат, хлорид и др. Денес постојат сознанија дека сулфатната содржина е важна како донатор на сулфурот. Изработена е и една отворена, компоративна студија за глукозамин во однос на ибупрофен на 252 лекари и 1506 пациенти. Како и што беше за очекување ибупрофенот значајно ја намалува болката во тек на првата недела на испитување, ама како неговата делотворност опаѓала, додека глукозаминот од почеток делува послабо се до третата недела каде се изедначува со ибупрофенот и после тоа болката и понатака се намалува додека кај ибупрофенот постанува се помалку делотворен. |